еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи во Софија се сретна со колешката Генчовска, разговарале и за одговорите на Македонија за пакетот „5+1”

Министрите за надворешни работи, Бујар Османи и Теодора Генчовска денеска на средба во Софија, непосредно пред почетокот на Втората заедничка седница меѓу владите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија изразија задоволство од интензивирањето на дијалогот во последните недели, како и уверување дека претстојната седница меѓу владите ќе придонесе за продлабочување на позитивната динамика во односите, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

Како што соопшти МНР, двајцата ја поздравија иницијативата за формирање секторски работни групи како средство за надградба на политичкиот дијалог и инструмент за идентификување и искористување на практичните придобивки од поактивната соработка меѓу Бугарија и Македонија.

-Во рамки на средбата беше разгледана актуелната состојба на политичкиот дијалог и билатералните односи, вклучително и во контекст на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.

Се разговараше и за доставениот во декември 2021 година, одговор од Северна Македонија на предлозите од Бугарија за пакетот за политички прашања таканаречен „5+1”, се наведува во соопштението.

Министерката Генчовска и министерот Османи, како што се додава, го споделија мислењето дека директните и интензивни контакти меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји се правилниот пат за продолжување на напорите за изнаоѓање заемно прифатливи решенија за отворените прашања.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Druggy и Кацар објавија видео за „Да ве чујам„

Редакција

Пратениците пред избори ги сменија границите на две изборни единици

Редакција

Правилата за влез во Грција остануваат непроменети

Редакција