еМагазин
Image default
Македонија

Јовески: Обвинителството има отворено предмет за висок функционер во Владата, за државен секретар во едно од министерствата, за обвинители и судии

Скокот на Северна Македонија за една година за 24 места на индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнел покажува дека има напредок во борбата против корупцијата, но мора да се биде искрен и да се признае дека во овие извештаи се нотираат и определени дејствија или активности што треба да ги преземе државата и особено кога зборуваме за надлежноста на Јавното обвинителство, оценува јавниот обвинител Љубомир Јовески.

-Не е занемарлив податокот за скокот од 24 места во однос на индексот за перцепција на корупцијата. Тука само да дополнам дека и во извештајот на Стејт департментот на САД се нотира зголемената борба против организираниот криминал и корупцијата, а исто така тоа е заклучокот и во извештајот на Европската унија.

Ако се имаат предвид овие податоци, овие оценки во овие извештаи, ќе се види дека има напредок во борбата против корупцијата и организираниот криминал во Република Северна Македонија, но мора да се биде искрен и да се признае дека во овие извештаи се нотираат и определени дејствија или активности што треба да ги преземе државата и особено кога зборуваме за надлежноста на Јавното обвинителство, вели Јовески во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој посочува дека повеќепати истакнал дека за разлика од поранешниот период сега во Јавното обвинителство има отворени предмети за носители на актуелната власт.

-Тука би спомнал дека Обвинителството има отворено предмет за висок функционер во Владата, има за државен секретар во едно од министерствата, потоа има за обвинители, судии и според тоа моја оценка е дека Обвинителството не постапува селективно, туку се држи до рамките на законот и неселективната правда.

Од друга страна исто така сакам да истакнам дека Обвинителството има отворено повеќе предмети по службена должност, или како што вели јавноста по допрен глас, истакнува јавниот обвините Јовески.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за насилството во Собранието: Снимка од Кољо во фантомка излегува од кабинетот на Вељаноски и ја насочува толпата во прес-центарот

Редакција

Нови 373 случаи на Ковид-19 од 5.489 тестирања

Редакција

Во Собранието сè уште не е доставена оставката на Заев

Редакција