еМагазин
Image default
Бизнис

Во декември продолжил трендот на намалување на каматните стапки, велат од Народна банка

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во декември 2021 година, кога се сведе на ниво од 4,37 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,74 отсто, информира Народната банка (НБ).

– Просечната каматна стапка на вкупните кредити во декември 2021 година изнесува 4,37 отсто и бележи месечен пад од 0,05 процентини поени (п.п.) и годишен пад од 0,26 п.п.. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,74 отсто што претставува месечно намалување од 0,02 п.п и годишно од 0,21 п.п..

Во декември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е пониска за 0,15 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,61 отсто. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,17 п.п.

Овој месец просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,7 отсто и оствари месечен пад 0,07 п.п., додека на годишна основа забележа месечен раст од 0,02 п.п., соопшти НБ.

Во декември, се додава во соопштението, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е пониска за 0,04 процентни поени на месечно ниво и изнесува 3,48 отсто.

– Месечното намалување е резултат на намалените каматни стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити без валутна клаузула за 0,06 п.п. на месечно и 0,04 п.п. на годишно ниво, во услови на раст на каматните стапки на кредитите со валутна клаузула (за 0,02 п.п.).

Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,25 п.п. на годишна основа, велат од НБ.

Овој месец, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, прецизираат  од Банката, бележи месечен пад од 0,17 процентни поени и изнесува 3,22 отсто.

-Притоа, падот целосно произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,28 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута бележат раст за 1,00 п.п. на месечно и 0,14 п.п. на годишно ниво. Во споредба со истиот период од претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,20 п.п., појаснуваат од НБ.

Просечната,пак, каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор во декември изнесува 0,92 отсто и на месечна основа се намали за 0,05 процентни поени.

– Надолната промена во целост се должи на падот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,11 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула, додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула забележаа месечен раст (за 0,02 п.п.). Анализирано на годишно ниво, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари пад од 0,30 п.п., истакнуваат од НБ

Во декември, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор оствари месечно намалување од 0,13 процентни поени и изнесува 0,29 отсто.

– Притоа, падот е резултат на намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,32 п.п.), при минимален раст на каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,01 п.п, соодветно). Во однос на декември 2020 година, оваа каматна стапка е пониска за 0,09 п.п., велат од НБ.

Во однос на претходниот месец, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа пад од 0,03 процентни поени и изнесува 5,18 отсто.

-Анализирано по валута, падот произлегува од намалувањето кај сите компоненти: намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п., соодветно) и пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Споредено на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,28 п.п., посочуваат од НБ.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во декември, изнесува 4,34 отсто, што претставува месечно намалување од 0,20 процентни поени.

– Надолното поместување се должи на намалувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула за 0,49 п.п. на месечно и 0,21 п.п. на годишно ниво, додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула остварија месечен раст (за 0,07 п.п.). Оваа каматна стапка забележа пад од 0,04 п.п. на годишна основа, прецизираат од НБ.

Во декември, кај каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е забележан минимален пад од 0,01 процентни поени на месечно ниво и изнесува 0,72 отсто.

– Падот се објаснува со намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута за 0,02 п.п. на месечно и 0,01 п.п.  на годишно ниво, во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,20 п.п., велат од НБ.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата во декември се намали за 0,05 процентни поени и изнесува 0,90 отсто.

-Месечното намалување се должи на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,62 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во странска валута бележат зголемување (за 0,12 п.п.).

Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула овој месец изнесува 1,5 отсто за разлика од претходните месеци, кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата бележи годишен раст од 0,05 п.п., нагласуваат од Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис не трошок, вели Губерова, претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора

Редакција

„Македонијатурист“ во загуба поради корона вирусот

Редакција

Компаниите не сакаат наметнување за зголемување на минималната плата

Редакција