еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

ДОМ го поддржува Законот за минимална плата на ССМ

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски и пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин денеска имаа средба на која дискутираа за барањето на ССМ пратениците да го поддржат и предложат законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата со кој таа би се се зголемила на 18.000 денари и спирално ќе се зголемат останатите плати, информираат од ССМ.

Од страна на пратеничката Морачанин било истакнато дека предлогот на ССМ ќе биде поддржан и предложен во Собранието.

Претседателот на ССМ, Димовски истакнал дека ССМ ја поздравува одлуката на ДОМ да го предложи до Собранието предлог законот на ССМ поднесен во декември за зголемување на минималната плата, нагласувајќи дека работниците ќе го ценат придонесот на пратениците кои им подаваат рака кога им е најтешко.

Од ССМ уште еднаш укажуваат дека во услови кога ниту најголемиот пораст на минималната плата во 2017 година не го загрозил стопанството – односно фирмите не отпуштале работници, не ги намалувале платите, ниту пак им се намалил профитот- туку напротив ја зголемиле продуктивноста и профитот, очекуваат и другите партии и пратеници во Парламентот да го следат примерот на ДОМ и да го сторат истото веднаш и да покажат дека се за работниците и за граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема договор за минималецот, ако нема промена до среда ќе има штрајк

Фото: ССМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска завршува јавниот повик за субвенции за плински уреди во возилата

Редакција

„Сите сити“ обезбеди над 400.000 оброци за социјално загрозени граѓани

Редакција

Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата

Редакција