еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Прв љубовен базар во Веро центар со специјални попусти и изненадувања

Совршени подароци за вљубените со специјални попусти и многу изненадувања ги очекуваат посетителите на Првиот љубовен базар што ќе се одржува во Веро центар, информираат од таму.

Почнувајќи од утре (10 февруари), па се до Денот на вљубените (14 февруари), атрактивни изложувачи од земјава на посетителите ќе им ги понудат своите најдобри производи по специјални промотивни цени.

Празникот на љубовта во Веро центар се слави со шопинг на уникатни производи со љубовна тематика. На базарот може да се набават уникатните рачни изработки на „Тиноски“, избрана литаратура од „Сакам книги“, врвни цветни аранжмани и украсни растенија од „Зелена“ и најслатките љубовни крофни од „Слаткограм“.

Посетителите на базарот ги очекуваат и најкул дизајнирани чорапи од „Quick sox“, префинет накит од „Coral jewelry“, дизајнерски винтиџ парчиња од „Игралиште“, како и украсни свеќи од „Lit candle“.

– Оваа година во Веро центар го одбележуваме февруари како месец на љубовта со специјални попусти и изненадувања. Со организацијата на љубовниот базар на нашите посетители им овозможуваме да најдат најголем избор на уникатни производи со кои ќе ги изненадат саканите или себеси. Ни претстојат денови на уживање во шопингот и љубовта, истакнуваат од маркетинг-одделот на Веро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Clear View Бизнис Тренинг Центар доделува две целосни стипендии за HR Академија во вредност од 1.600 евра

Редакција

„Зимски МакеДокс“ со проекција во „Јадро“

Редакција

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

Редакција