еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Ковачевски во Минхен се сретна и со Петков

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски се сретна и со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.

-Двајцата премиери ја оценуваат како позитивна работата на експертските групи и остварената непосредната комуникација и секторската соработка како ефективен метод за продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог, и изразија надеж дека соработката и дијалогот носат најголеми придобивки за граѓаните и водат до решенија и до заедничка европска иднина, информираат од владината-прес-служба.

На средбата, која била во насока на продолжување на политичкиот дијалог воспоставен меѓу двете Влади, присуствуваа и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.Присутните изразиле задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа, велат од Владата.

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи во Брисел на состанок со министрите за надворешни работи на ЕУ

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 16 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.367

Редакција

Дури 60 отсто од 98 институции го прекршиле законот за слободен пристап до информации

Редакција