еМагазин
Image default
Локално

СДСМ до градоначалничката Арсовска: Универзална сала е стручно подготвен проект

Данела Арсовска веќе не знае како да се брани заради својата неспособност и започнува со целосни лаги да го правда своето неработење, регираат од СДСМ по денешната прес конференција на градоначалничката на Скопје.

“Откако го стопираше проектот за иградба на Универзална сала и двомесечен молк за причините заради кои го стопирала проектот, денес излезе со целосна лага во јавноста. Целосно е неточно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден.

Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден.

Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрување Град Скопје го има.

Понатаму, пратен и одобрен и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост.

Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може „градежен безбедносен проблем“ да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска.

Јавно ја прашуваме, што се крие зад стопирање на проектот?

Која е вистината, има ли бизнис интереси Арсовска и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски од блокирањето на сите проекти започнати од власта на СДСМ?

Редно е да прекинат да ја лажат јавноста и да се фатат за работа, скопјани веќе го изгубија трпението во најлошата градоначалничка која некогаш Скопје ја имало“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради грешки во проектната документација било стопирано реновирањето на Универзалната сала, тврди градоначалничката Арсовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неверојатни попусти за отвoрањето на новиот салон на „Техномаркет“ во Аеродром

Редакција

За новогодишната ноќ казнети 65 возачи во Скопје

Редакција

Жичарницата на Водно од 1 октомври со ново работно време

Редакција