еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Столтенберг загрижен за најавата на Путин: „Нуклеарната реторика е опасна и неодговорна“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост од одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави во специјална готовност силите за одвраќање на земјата, јави ДПА.

Според Столтенберг, нуклеарната реторика е „опасна“ и „неодговорна“.

Во интервју за Би-Би-Си денеска првиот човек на Алијансата кажа дека објавата на рускиот претседател покажува колку е „сериозен“ застојот околу руската окупација на Украина.

Портпаролката на Белата куќа во САД, Џен Псаки, денеска изјави дека Путин произведува закани за да ја оправда својата агресија.

– Го видовме како го прави тоа повторно и повторно. Во ниту еден момент Русија не била под закана од НАТО, ниту Русија била под закана од Украина.

Сево ова е шема за претседателот Путин и ние ќе се спротивставиме на тоа. Имаме способност да се браниме, но исто така треба да го покажеме на виделина она што го гледаме овде од претседателот Путин, изјави Псаки за телевизиската мрежа Еј-Би-Си Њуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин нареди руската армија да ги стави нуклеарните сили во „специјална“ состојба на готовност

МИА/Фото: Фејсбук/НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска отвори предмет за Ивица Коневски, присвоил 312 метри квадратни

Редакција

(ВИДЕО) Османи го „сефтоса„ летот Атина-Скопје, прв помеѓу Македонија и Грција по 10 години

Редакција

(Видео) Невреме во Охрид: Oткорнат кров од зграда оштетил повеќе куќи и автомобил

Редакција