еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Како е можно летало од 6. тони да помине повеќе од 1 час над членка на НАТО, а никој да не го забележи, прашува хрватскиот претседател

Ова е сериозен инцидент. Треба да се утврди како е можно безпилотно летало од шест тони со големина на авион да „помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи“. Како што стојат работите, полетало од Украина и паднало над Загреб кога останало без гориво, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако синоќа синоќа околу 23 часот во Загреб се урна дрон од руско производство.

„Не добивме никаква дојава. Објектот летал над Унгарија повеќе од 40 минути, во Хрватска летал помалку од седум минути и паднал во областа Јарун, во Загреб, за среќа без жртви.

Ова е сериозен инцидент и ние така се однесуваме кон него. Во тек е истрага, сакаме да ги утврдиме сите детали“, рече Милановиќ.

Милановиќ, ги повика граѓаните да останат смирени, посочувајќи дека според проценките ова не било насоченко кон Хрватска.

„Во моментов, предмет на сериозна истрага е како е можно никој да не го забележал ова“ рече Милановиќ, со оглед дека леталото во хрватскиот воздушен простор било многу кратко време.

“Ќе се утврдуваат фактите. Како е можно несофистициран авион да помине повеќе од еден час над членка на НАТО, а никој да не го забележи? Во истрагата се вклучени воени служби. Како што стојат работите, леталото полетало од Украина, паднало над Загреб кога останало без гориво“, рече Милановиќ.

Советникот на министерот за одбрана на Украина, Маркијан Лубкјивски денеска за загрепски „Јутарњи лист“ изјави дека авионот што паднал во паркот во Загреб не е украински и дека очекува официјално соопштение од украинското Министерство за надворешни работи во соработка со Генералштабот на украинската армија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Загреб се урна беспилотно летало од руско производство, не се знае дали е на Украинците или Русите

МИА/Фото: Фејсбук/Милановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Статусот на МПЦ-ОА и бугарските здруженија во Извештајот на Стејт департментот за верските слободи

Редакција

Пописот завршува денеска: Досега попишани 1.813.153 лица во земјава и 203.144 од дијаспората

Редакција

Доколку има добра волја од Бугарија зошто не се потпише договорот со Фронтекс, го праша Османи, Милошоски

Редакција