еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Надоместот за приватизација на градежното земјиште се зголемува за 30 пати

Владата на седница ја донесе Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, кој се зголемува за 30 пати.

Со уредбата се уредува и начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште.

– Со Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште, чиј преглед за висина на надоместот за приватизација на градежното земјиште, се заменува со нов Преглед, информираат од Владата.

Предвиден е повисок износ на надомест (30 пати поголем од досега предвиденото) за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со намена: предвидено колективно домување со актите за планирање на просторот кое не е реализирано, комерцијални, деловни, стопански, производни и објекти наменети за спорт и рекреација.

-Предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Македонисимо со последна изведба дома: Симон Трпчески и пријателите настапија пред битолската публика

Редакција

Доктор Кунгуловски: Ниту една вакцина не предизвикува болест, само се намамува имунолошкиот систем да реагира

Редакција

Во Велес загина 11-годишно девојче, а нејзината мајка се здоби со тешки повреди, откако автомобил удри во нив, по возачот се трага

Редакција