Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети Буча, место од каде веќе неколку дена пристигнуваат снимки и фотографии од тела на убиени цивили по улиците.
Тој кратко разговараше со новинарите кои го следеа, велејќи дека е „многу тешко да се преговара со Русија по масакрот што го извршија руските сили во Буча“.
– Масакрот во Буча ја покажува природата на руската армија, рече Зеленски, додавајќи дека „тие се однесуваат со луѓето полошо од животните“.
Тој предупреди дека ситуацијата ќе се влошува „колку повеќе Руската Федерација ги одложува преговорите со Украина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија отвара сопствена истрага за „провокацијата“ од Украина за Буча
МИА/Фото:Фејсбук/Зеленски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.