еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фон дер Лајен до Петков: Бугарија да помогне за реализација на ветувањето од 2020 за старт на преговрите со Скопје и Тирана

Европскиот совет уште во 2020 година донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и со Албанија, изјави денеска во Софија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков, и побара Бугарија да помогне за реализирање на таа одлука.

Таа истакна дека правата на малцинствата се во основата на европските договори и вредности и дека заштитата на малцинските права е основна вредност и тие се во фокусот на вниманието.

Фон дер Лајен нагласи дека е важно ЕУ да го исполни своето ветување во овие тешки времиња кон своите соседи. Според неа, времињата се многу бурни и тие ќе ја одредат иднината на Европа.

Претседателката на ЕУ рече дека ништо нема да е исто како што било пред војната во Украина. На крајот таа повтори дека треба да се исполни ветувањето кон партнерите од 2020 година и оти смета на Бугарија дека вешто ќе го води процесот.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Застаре и „Змиско око„, судењето траеше 16 години, обвинетите ќе бараат максимална оштета од државата

Редакција

Прекршочни налози за повеќе општински советници, директори и членови на управни одбори кои истовремено извршуваат и други функции

Редакција

47-годишен маж загина во сообраќајка кај Струмица

Редакција