еМагазин
Image default
Бизнис

Во февруари просечната нето-плата изнесувала 29.839 денари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 29.839 денари, што е зголемување за 6,8 отсто во споредба со истиот месец од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката исплатена просечната месечна нето плата по вработен во секторите: Други услужни дејности за 13,2 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 13,1 и Стручни, научни и технички дејности за 11,6 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 7,5 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,9 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,3 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во февруари 2022 година, пак, изнесува 44.531 денари и е повисока за 6,8 отсто во споредба со февруари 2021 година.

Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена бруто плата по вработен во секторите: Други услужни дејности за 13,1 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 13 и Стручни, научни и технички дејности за 11,4 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 7,6 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,5 и Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,1 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Емилија Нацевска и Ана Митреска предложени за вицегувернерки на Народната банка

Редакција

Кој има интерес од Законот за игри на среќа и од враќање на диви обложувалници и сива економија, прашуваат од АСОМ

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Флекс повер“ вреден 1,5 милион евра

Редакција