еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кане Танака била родена 1903 година: На 119 години почна најстарата жена на светот

Кане Танака, најстариот човек на светот, почина во Јапонија на 119 години, соопшти јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба.

Танака, која е родена на 2 јануари 1903 година, почина на 19 април, соопшти денеска Министерството.

Гинисовата книга на рекорди соопшти дека биле тажни кога слушнале за смртта на Танака, а веста за нејзината смрт ја потврдил и високиот консултант за геронтологија Роберт Јанг, кој во 2019 година помогна да се потврди нејзиниот рекорд како најстар жив човек.

На Твитер за нејзината смрт, Гинисовата книга на рекорди напиша:

– Таа стана најстарата жива личност во јануари 2019 година на возраст од 116 години и 28 дена.

Танака е втората најстара личност што е регистрирана, зад Жан Калмент која живеела 122 години.

МИА/Фото: Гинисова книга на рекорди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Првиот човек на Тесла, Илон Маск на интервју во живо запали џоинт, акциите на компанијата паднаа за 7%

Редакција

Дел од матичните лекари се уште без плата, бидејќи ФЗО доцни со исплата на капитација

Редакција

Над 30 илјади граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат за сезонски грип

Редакција