еМагазин
Image default
Бизнис

Санел Кустурица нов претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка

Санел Кустурица, досегашниот заменик-претседател на Управниот одбор (УО) на Шпаркасе банка АД Скопје од почетокот на месецов е назначен на местото на досегашниот претседател на Управниот одбор, Глигор Бишев, кој по девет години успешно менаџирање со банката го искористи правото за заминување во пензија, информираат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Глигор Бишев оди во пензија, Санел Кустурица нов претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка

Кустурица, кој има магистерска диплома од областа на бизнис-администрација и меѓународна економија на Универзитетот во Делавер, Соединетите Американски Држави, ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици, во согласност со Одлуката за негово именување за претседател на Управниот одбор, донесена од Надзорниот одбор на Банката.

Новиот претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје има 23-годишно искуство во банкарскиот сектор, извршувајќи одговорни функции на различни позиции во повеќе банкарски институции на пазарот во Босна и Херцеговина: Микро Ентерпрајз Банка, Прокредит Банка, УниКредит Загребачка Банка, ХВБ-Централ Профит Банка, УниКредит Банка, како и Шпаркасе Банка АД БиХ.

Кустурица од јуни 2009 година е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата и истата година е именуван за претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД БиХ, извршувајќи ја оваа функција до почетокот на 2021 година. Под водство на Санел Кустурица, Шпаркасе Банка АД БиХ со својата активна кредитна политика и силен продажен пристап се позиционираше меѓу најбрзо растечките и најстабилните банки на пазарот во Босна и Херцеговина.

На почетокот на 2021 година Санел Кустурица доаѓа во Македонија на позицијата член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, а веднаш по завршувањето на проектот за интеграција и присоединувањето со Охридска банка се назначува за заменик-претседател на Управниот одбор на Банката, надлежен за активности поврзани со работењето со население, маркетинг и развој на производи.

-Верувам во силата на нашиот извонреден тим и во моќта заедно да ги менуваме работите. Разбирањето на потребите на клиентите и нивното задоволување на најдобар и најефикасен начин продолжува да биде инспирацијата за нашето делување.

Преку разновидна понуда на иновативни производи, непосредна комуникација и постојано учество во проектите на заедницата, ќе се трудиме да бидеме различна и модерна банка, прв избор на финансиски партнер за сите потреби на нашите клиенти.

Континуираниот развој и фокус кон резултатите, одличната тимска работа, инвестирањето во дигитализација и постојаното усовршување на процесите во Банката, заедно со континуираната, безрезервна поддршка од страна на нашите сопственици, верувам дека се нашите силни адути и успехот ќе биде неизбежен, изјави Кустурица.

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи над два века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Кој и за што ќе го советува премиерот Ковачевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да најдете работа во Србија и Албанија, почна да функционира мерката “слободен пристап до пазарот на трудот“

Редакција

„Факом“ оствари добивка од 24.000 денари во првите три месеци од годинава

Редакција

Годишен раст на зелените кредити од 26% во првиот квартал

Редакција