еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Глигор Бишев оди во пензија, Санел Кустурица нов претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка

Во согласност со промените во Управниот одбор (УО) планирани во текот на Проектот за интеграција со Охридска банка АД Скопје, Глигор Бишев ќе го искористи своето право на пензионирање и ќе замине од позицијата претседател на УО заклучно со 30-ти месецов, информира Шпаркасе банка АД Скопје.

Како што посочуваат од Банката, Бишев ја водеше Шпаркасе банка АД Скопје од почетокот на 2013 година и за време на неговиот мандат Банката го зголеми и го стабилизираше своето пазарно учество и профитабилност, стана лидер во проектно финансирање, воведе иновативни и модерни производи за население и го поддржуваше севкупниот економски раст во земјава.

И претседателот на Надзорниот одбор, Георг Бухер ја искажа својата благодарност кон Глигор Бишев за неговата визија, лидерство и придонес кон развојот на Банката и заштитата на интересите на сите засегнати страни во овој предизвикувачки период.

-Под лидерството на Глигор Бишев и неговите колеги, Банката ја продолжи својата ориентација кон иднината, развивајќи се во модерен и иновативен партнер на секое домаќинство и компанија во земјата.

Помеѓу многуте предизвици со кои се соочивме минатите години, како што е пандемијата со Ковид-19, Банката успешно ја реализираше најголемата банкарска интеграција во поновата историја, станувајќи едно семејство со Охридска Банка АД Скопје во текот на 2021 година, изјави Бухер.

Од 1 мај 2022 година, позицијата претседател на Управниот одбор ќе ја преземе Санел Кустурица, сегашниот заменик-претседател на Управниот одбор, кој се придружи на Банката на почетокот на 2021 година, откако претходно беше на чело на Шпаркасе Банка во Босна и Херцеговина, повеќе од 10 години.

Нина Неданоска, сегашен член на Управниот одбор, ќе стане заменик-претседател на Управниот одбор.

Алвин Аличевич, член на Управниот одбор на Банката од 2017 година, ќе продолжи да ја извршува својата функција на член на УО, одговорен за управувањe со ризиците.

Од Банката проценуваат дека оваа непречена транзиција дополнително ќе придонесе кон севкупниот иден развој, потенцијал и репутација на Шпаркасе банка АД Скопје како стабилна и прудентна банка, која ќе овозможи спроведување на проектираниот курс на перманентен и долгорочен развој на Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Некстсенс“ го доби тендерот на „Градски паркинг-Скопје“ за одржување на системот за зонско паркирање вреден 345.000 евра

Редакција

Јовановски: Дипломатијата е многу важен дел од градењето на идентитетот на една држава

Редакција

„Арачиново даночен рај„: Твитер реакции за неплаќањето данок и комунални такси во скопската општина

Редакција