еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Јовановски: Дипломатијата е многу важен дел од градењето на идентитетот на една држава

Денеска ќе биде промовирана книгата „Дипломатија и меѓународно право“ од авторот проф.д-р Зоран Јовановски, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје.

Промоцијата ќе се случи во „Домот на Армијата“-Скопје, со почеток во 13 часот.

Промотори на книгата ќе бидат проф д-р Степан Домјанчиќ, актуелно воено аташе од Република Хрватска во Македонија како и проф. д-р Дејан Маролов од Униветрзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Модератор на промоцијата ќе биде Марија Амповска, Универзитет „Гоце Делшев“, Штип.

Книгата освен на промоцијата ќе може да се купи и преку мејл [email protected] на секој заинтересиран купувач ќе му биде доставена.

По повод промоцијата еМагазин разговараше со авторот Јовановски, кој има богата кариера во Армијата.

Која беше инспирацијата за да се напише книгата, дали едно од нив се искуството што го имате и познавањата од оваа област? 

– Во текот на својата воена и научна кариера како и денеска често размислувам дека судирите, несогласувањата и другите меѓународни проблеми во кој се вклучени различни актери со исти или потполно различни државни, политички, социолошки, културни, национални и други особини можат да ги надминат низ примена на меѓународното право и дипломатија, при тоа создавајќи уметничко дело на мирно решавање на спорови со цел за добро на сите вклучени страни. Тоа беше целта и настојувањето да се посветам на научното согледување на интердисциплинарни проблеми и разбирањето на дипломатијата и меѓународното право.

Може ли нешто повеќе да ни кажете околу Вашата кариера, професионален ангажман, патот на развојот од каде што веројатно и произлегла потребата да создадете еден вид учебник?

– По завршувањето на Воена гимназија и Воена академија во Белград ,работното искуство го започнав во АРМ од 1992 година како офицер со чин потпоручник ,каде низ мојата воена кариера обавув повеќе должности низ воената хиерархија на Армијата и Министерството за одбрана.

Конкретно од почетните командирски должности на вод, чета, батерија до командант на баталјон,началнник на штаб и командант на бригада како моја  највисока  воена команда должност.

Извршував повеќе високи  должности во Воената служба за безбедност и разузнување. Имам завршено специјалистички студии за командни и штабни должности на Воената академија во Скопје, Школа за национална одбрана и безбедност на Воената академија „Раковски“ во Софија и Високи студии за одбрана и безбедност на Воената академија во Белград.

Докторирав на правни науки на УКИМ, научната кариера ја започнав 2013 година како доцент на Воената академија каде и денеска предавам како редовен професор. Поставен сум за Раководител на катедра за општествени науки на Воената акаемија, во чин полковник сум унапреден од 2009 година.Така што целиот мој животен пат сум во армија на што сум посебно горд.

Дипломатијата е многу важен дел од градењето на идентитетот на една држава. Низ годините, и таа се менуваше како и состојбите во државата. Како ја оценувате македонската дипломатија денес?

Потполно се согласувам дека дипломатијата е многу важен дел од градењето на идентитетот на една држава. Република Северна Македонија следејќи ги модерните трендови, во 2008 започна со едукација на млади дипломати, преку еден модерен и ефикасен диплматски тренинг, комбиниран со основните елементи на дипломатската теорија и практика.

Македоската дипломатија денеска преку Министерството за надворешни работи е посветена на континуирана изградба и обука на дипломатски кадар и на подобрување на технички услови за функционирање на дипломатско конзуларните преставништва како неопходни предуслови за успешно постигнување на планираните цели.

Како критички мој осврт за македонската дипломатија би посочил дека се уште не е донесена трајна зедничка стратегија во однос на политичкиот систем на државата како важен сегмент за идниот развој на македонската дипломатија.

Што е најважно за една држава, за да произведува дипломати во вистинска смисла на зборот кои достојно ќе ја претставуваат државата, ќе ги бранат нејзините интереси, ќе лобираат…?

– Успешна дипломатија е онаа дипломатија чии политички властодршци брзо и успешно се прилагодуваат на новонастанатата сосотојба. Иако меѓународната зедница изгледа анархично, без дефинирана структура, сепак државите во своето дипломатско делување едни кон други ја имаат пред себе искуствената политика.

Во својата наједноставна смисла, дипломатијата ги опфаќа сите средства со кои државите ги воспоставуваат и ги одржуваат заемните врски, комуницираат една со друга или извршуваат политички или правни трансакции, во секој од случаите, преку нивни овластени агенти.

Дали на дипломатијата и доликува партизација, или истата припаѓа во рангот на оние области во кои нема место за политика туку само за професионализам во работата?

– Сметам дека во дипломатијата не треба да има партизација со оглед на самата професионална мисија која треба да ја работи сејкој вработен во Дипломатско-конзуларните преставништва надвор од државата.

Дипломатијата е најстариот облик на комуницирање помеѓу државите и претставува средство, односно најсилно оружје на секоја држава за водење на надворешна политика, преку водење на преговори помеѓу државите. Од тука произлегува дека државата треба да развива исклучиво професионален и обучен персонал кој ќе работи во Дипломатско-конзуларните преставништва во интерес на државата.

Од Воената академија, каде што сте и професор со години наназад произлегуваат одлични кадри кои секој во својата област гради успешна приказна. На што се должи успехот на оваа образовна институција?

– Воената академија од своето постоење во континуитет школува кадри за потребите на Армијата. Покрај наши питомци-студенти на Воената академија се школуваат кандидати за офицери и од Црна Гора,Босна и Херцеговина и Косово.

Процесот на школување трае четири години по дипломирањето питомците -студенти се стекнуваат со својот прв офицерски чин потпоручник. Покрај прв циклус на студии на Воената академија се школуваат и слушатели од втор и трет цилкус на студии како и специјалистички студии за командни и штабни должности.

Успехот на Воената академија се должи пред се на високо  стручниот персонал кој работи во оваа институција. Професорите  кои работат во образовниот процес се врвни професионалци со богата воена кариера каде низ разни теоретски и практични форми го пренесуваат своето знаење на питомците од сите области.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопските градоначалници најавија кривична за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена

Редакција

Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Јакимовски доби 30 дена притвор

Редакција

Пребројани 50.000 гласачки ливчиња: Пендаровски води пред Силјановска Давковка

Редакција