еМагазин
Image default
Локално

Дрвокрадци, со возило се обиделе да удрат двајца полицајци – не застанале на знак за запирање

Околу 11:20 часот во текот на вчерашниот ден, на локалниот пат кон село Богојци, струшко, полицијата од Полициското одделение Велешта дале знак за запирање на патничко возило „Опел фронтера“, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое имало две лица.

Откако возачот не застанал, тој се обидел да удри во двајца полицајци, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР додаваат дека повредени лица нема, а увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се судрија минибус и две возила кај Гостивар: Единаесет повредени

Редакција

(Фото) По 20 години реконструиран и пуштен во употреба затворениот базен во Струга

Редакција

Ученик споделувал компромитирачки фотографии од соученичка

Редакција