еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Нема потреба за активирање на стоковите резерви, немаме недостаток на храна и енергенси, вели Ковачевски

Стоковите резерви се на ниво пропишано со закон и тековно се менаџираат. Нема потреба да се активираат, бидејќи нема недостаток на храна и енергенси, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

– Кога зборуваме за стоковите резерви, веројатно мислите на храната и на нафтени деривати. Во моментов има непречено снабдување со нафтени, кое е постојано од почетокот на кризата, бидејќи се снабдуваме од солунското пристаниште и тоа над 70 проценти се работи за нафта која не е од руско потекло туку од друго потекло, посочи Ковачевски.

Во однос на храната, премиерот истакна дека се управува дневно и неделно во однос на резервите кои ги има државата и кои обезбедуваат непречено снабдување на пазарот во услови кога има недостатоци. Тој додаде дека нема недостаток на храна во државата, бидејќи обезбеден е непречен проток на прехранбени производи преку соседните држави Албанија, Грција и Србија.

За цените на производите во малопродажбата, премиерот информираше дека е запознаен со одредени злоупотреби и оти нема да дозволи дел од дистрибутерите да вештачки да ги покачуваат цените со големи маржи. Најави дека инспекциите ќе работат на терен и ќе нема селекција во инспекциите и спроведување на законот на добрите практики на однесување во услови на најголема криза.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кредити до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис

Редакција

Најниски просечни нето-плати во септември

Редакција

Двојно помалку патници со автобус во четвртиот квартал лани

Редакција