еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Ќе има ли нов бран на поскапувања: Кои производи од денеска ќе се продаваат без ограничени маржи

Од денеска веќе не е во сила Одлуката за ограничување на трговските маржи со која беа опфатени белиот леб, шеќерот, сончогледово масло, брашното од пченица, тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите, оризот, трајното кравјо млеко, јајцата, урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот.

Цените на овие основни производи ќе се утврдуваат според пазарните услови.

Од Министерството за економија велат дека состојбата се следи и дека засега домашните цени се стабилизирани.

-Со оглед дека на пазарот имаме стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, цениме дека по завршување на рокот на примена на Одлуката на трговските маржи, 30 јуни, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови, велат од Министерството за МИА.

Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни. Со Одлуката, највисоката трговска маржа за бел леб (сечен на парчиња или цел), бел шеќер и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до 5 проценти во трговијата на големо и на мало.

Највисоката трговска маржа, пак, за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, се утврди во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: 12 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија имале контакт со потврден случај

Редакција

(Видео) Масовна евакувација на туристи и жители од Родос: Пекол е единствениот збор кој ја опишува состојбата таму

Редакција

Националниот парк Шар Планина доби план за управување

Редакција