еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Производството на зеленчук зголемено за 84%

Во земјава лани имало 2.486 хектари со органско производство на житни култури и е остварен принос од 3.869 тони, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос на 2021 година, органското производство на житните култури е намалено за 1,8 %, кај индустриските култури производството е зголемено за 48,1 %, кај фуражните култури производството е намалено за 16,3 %, кај зеленчукот е зголемено за 84,2%, кај овошките е зголемено за 30,2 % и 10,9 % е растот кај органски лозови насади.

Вкупниот број на органски говеда е 7.821 грло и во вкупниот број говеда учествува со 4,8 %. Учеството на органски овци во вкупниот број овци изнесува 16,1 %, а органските кози учествуваат во вкупниот број кози со 6,4 %.

Производството на органски мед во 2022 година е намалено за 25,5 % во однос на 2021 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е намален за 14,6 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев на слобода, доби четири месеци помалку затвор откако ги спои казните за „Империја“ и “Плацови на Водно“

Редакција

Најчевска за барањето на Бугарија да биде дел од процесот за уставните измени: Поголем доказ за територијални претензии кон Македонија нема

Редакција

„Соларпро Холдинг“ го доби тендерот на Градската болница „8-ми Септември“ за набавка на струја вреден 403.000 евра

Редакција