Во Кривичниот суд – Скопје, денеска завршни зборови изнесува одбраната на обвинетите за предметот „Талир 2“.
Пред една недела, на 31 мај, завршни зборови даде и Обвинителството.
Во „Талир 2“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.
Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.
Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска.
МИА