еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Ставот на Вархеји за прифаќање на „бугарските грижи“ нема логика, тој треба да поднесе оставка, вели Фуере

Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, смета поранешниот европратеник Ерван Фуере во коментар на твитот на европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, дека „бугарски загрижености“ ќе бидат дел од преговарачкиот процес на Македонија со ЕУ.

– Целосно нема логика… Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи“ и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, додека други се во спротивност со пресудите на европските Судот за човекови права. Комесарот треба да се срами од себе, наведува Фуере.

Според него, поради ваквата објава Вархеји треба да поднесе оставка или да биде принуден да поднесе оставка.

Еврокомесарот Вархеји вчера на Твитер објави дека „ЕУ ги прифаќа сите бугарски загрижености мошне сериозно“ и дека тие ќе станат дел од преговарачкиот процес на земјава со Унијата.

– ЕУ ги прима сите бугарски загрижености мошне сериозно и тие се сега дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западен Балкан треба да биде дел до ЕУ. Заедно ќе бидеме посилни, напиша вчера Вархеји на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања, со „Северномакедонците“ ќе разговараме следните часови

ЕУ многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес, вели Вархеји

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО, а остануваат и препораките за негова заштита

Редакција

Матичните лекари заборавени за зголемување на платите: Ја понесоа тежината од ситуацијата со корона вирусот и сами си купуваа заштитна опрема

Редакција

Врховен не бил консултиран за измените на Кривичниот законик

Редакција