еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Германски компании ќе мора да затворат, поради недостаток на гас

Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска изјави дека на неговата земја ѝ се заканува недостиг на гас доколку испораките од Русија останат на сегашното ниско ниво, а доколку до зимата ги нема доволно, тогаш одредени индустрии ќе мора да бидат затворени, пренесе магазинот „Шпигел“.

– Компаниите би морале да го прекинат производството, да отпуштат работници, синџирите на снабдување би пропаднале, луѓето би се задолжиле за да ги платат сметките за греење, тие луѓе би станале посиромашни, рече Хабек, пренесуваат британските медиуми.

Германскиот министер за економија смета дека е можно Русија целосно да престане да испорачува гас преку Северен тек и повторно го искажа ставот дека „не верува во техничките проблеми што Кремљ ги наведе како причина за намалената испорака на гас“, посочувајќи дека станува збор за политичка мерка.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДОМ ќе ја подржи реконструкцијата на Владата, но има неколку услови

Редакција

(Галерија) Женска колекција Geox за пролет/лето 2019

Редакција

Како работела ВМРО-ДПМНЕ во 2021: Партијата има долгови постари и од три години

Редакција