еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како работела ВМРО-ДПМНЕ во 2021: Партијата има долгови постари и од три години

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ВМРО – ДПМНЕ – ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство на сметката за редовно работење за 2021 година, информираат од таму.

-Со извршената ревизија за 2021 година, изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ВМРО – ДПМНЕ на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што е утврдено дека дадена е една препорака и истата не е спроведена, од причина што спроведувањето на истата зависи од конечната одлука по завршување на постапката поведена пред надлежните органи во однос на дел од имотот на партијата.

Со ревизијата на финансиските извештаи за 2021 година, констатиравме состојба која се однесува на забрана за привремено располагање со дел од имотот на политичката партија преку поведена постапка, која влијае на проценетата вредност на дел од недвижниот имот искажан во Билансот на состојба, за што овластениот државен ревизор извести и во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2020 година.

За утврдените состојби дадена е препорака до одговорните лица во партијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите.

Во делот на Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет обелоденети се состојби кои се однесуваат на неизмирени обврски спрема добавувачите кои потекнуваат од минати години и за структурата на изворите на финансирање од аспект на учеството на приватните и јавните извори на финансирање, велат од ДЗР

Во конечните извештаи на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со усогласеност на ВМРО – ДПМНЕ за претходни години, Овластениот државен ревизор извести дека политичката партија ВМРО – ДПМНЕ во деловните книги на ден 31.12.2021 година има искажано обврски спрема добавувачи по основ на промет на стоки и услуги, од кои дел се пренесени салда од минати години и тоа: неизмирени обврски спрема добавувачи во вкупен износ од 323.983 илјади денари, од кои 244.262 илјади денари или 75,39% се постари од три години и дел од наведените обврски се пренесени обврски од сметките на изборните кампањи од минати години во вкупен износ од 145.031 илјади денари од кои 142.313 илјади денари се постари од три години што претставува 58,26% од вкупните обврски кои се постари од три години, велат од ДЗР.

-Ревизијата изврши анализа на доставената документација и склучените спогодби за регулирање на меѓусебните права и обврски и плаќање на рати со добавувачите за периодот 2018 – 2021 година со кои одговорното лице на ВМРО ДПМНЕ има склучено договори/спогодби за регулирање на меѓусебните права и обврски и плаќање на рати со 21 добавувачи, во вкупен износ од 184.276 илјади денари, врз основа на кои заклучно со 31.12.2021 година исплатени се средства во износ од 43.672 илјади денари.

Со 8 добавувачи во целост се регулирани обврските согласно склучените договори/спогодби за регулирање на меѓусебните права и обврски, а заклучно со 31.12.2021 година останати се неизмирени обврски во вкупен износ од 140.605 илјади денари

Со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, констатиравме дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на РСМ на редовното работење на ВМРО-ДПМНЕ бележи зголемување во 2021 година за 6,22% во однос на 2020 година, кое се должи на законското зголемување на процентот за годишно финансирање на политичките партии.

Исто така се забележува тренд на намалување на учеството на приватните извори на финансирање (донации и членарини) во вкупните приходи на партијата.

Структурата на расходите на партијата во нареден период се очекува да биде променета, имајќи ја предвид измената на член 83 став 2 алинеја 1 од Изборниот законик, каде извор на финансирање на изборната кампања, меѓу другите извори се и средствата од редовната сметка на политичката партија, велат од ДЗР.

Целиот извештај ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ незаконски се финансирала во 2021

Како работел СДСМ во 2021: Повеќе пари од буџетот на државата, помалку од донации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за образование и наука склучи договор со Хилдин комерц вреден 1,7 милион евра

Редакција

(ВИДЕО) Три лица убени во терористички напад во Ница, едното обезглавено

Редакција

Намален бројот на претплатници во мобилната телефонија

Редакција