еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како работел СДСМ во 2021: Повеќе пари од буџетот на државата, помалку од донации

Од Државниот завод за ревизија (ДРЗ) информираа дека извршиле ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Социјалдемократски сојуз на Македонија на сметката за редовно работење за 2021 година.

-Со извршената ревизија за 2021 година, изразивме мислење со резерва за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на СДСМ на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеност на активностите, финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што е утврдено дека дадените две препораки не се спроведени.

Со ревизијата на финансиските извештаи за 2021 година, ги констатиравме следните состојби: за дел од градежните објекти, наследени од правниот субјект претходник на партијата не e решен сопственичкиот статус, поради што истите не се воведени во евиденцијата кај надлежната агенција и во сметководствената евиденција на партијата, за која состојба овластениот државен ревизор извести и во Конечните извештаи за претходни години и средствата за членарина од секоја општинска организација се уплатуваат директно на трансакциската сметка на партијата, во вкупен износ за сите поединечни уплати, а не одделно за секоја уплата, велат од ДЗР во Извештајот.

Од таму велат дека со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, се констатира дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на Македонија на редовното работење на СДСМ бележи зголемување во 2021 година за 5,81% во однос на 2020 година, кое се должи на законското зголемување на процентот за годишно финансирање на политичките партии.

-Исто така се забележува тренд на намалување на учеството на приватните извори на финансирање (донации и членарини) во вкупните приходи на партијата.

Структурата на расходите на партијата во нареден период се очекува да биде променета, имајќи ја предвид измената на член 83 став 2 алинеја 1 од Изборниот законик, каде извор на финансирање на изборната кампања, меѓу другите извори се и средствата од редовната сметка на политичката партија, велат од ДЗР.

Целиот извештај ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ незаконски се финансирала во 2021

Како работела ВМРО-ДПМНЕ во 2021: Партијата има долгови постари и од три години

Илустрација: ДЗР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Витаминка“ откупи сопствени акции

Редакција

(Фото) Во Москва солидарен протест за мртвите во Буча

Редакција

АД за изградба и стопанисување со станбен простор вработува 17 лица, плата до 38.900 денари

Редакција