еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груби не и верува на Антикорупциска

Во интервју за телевизијата Сител, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Аран Груби изрази незадоволство од работата на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

„Се надевам дека следниот состав ќе биде навистина сериозен, зашто сегашните антикорупционери немаат ниту еден успех откако се на мандат. Не ги бива. Нема ниту еден успех.

Јас на времето ги интервјуирав и очекував повеќе. Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето.

Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките. Се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен“, рече Груби.

Како што е познато ДКСК отвори предмет за неговото користење на службени возила за партиски цели, а од ДКСК и јавно го критикуваа оти во неговата канцеларија во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се одржуваат и партиски состаноци и приеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Антикорупциска му вратија на Груби дека врши притисок врз нивната работа

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негувателка обвинета за малтретирање на две деца, мајката забележала кога децата се бранеле од неа кога таа се приближувала

Редакција

Фирмата “Винора“ ќе ја инсталира новата компресорска станица на Клинички

Редакција

(Галерија) Домашниот путер од лешници изработен од Пеце е вистински хит, бидејќи е повкусен и од „Нутела“

Силвана Жежова