еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ДУИ незаконски се финансирала во 2021

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Демократска унија за интеграција Скопје на сметката за редовно работење за 2021 година, информираат од таму.

-Со извршената ревизија за 2021 година, изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Извршена е ревизија и издаден е извештај за финансиските извештаи на ДУИ на сметката за редовно работење за 2020 година и изразено е мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Со ревизијата беше опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2020 година, при што утврдивме дека од дадени три препораки, една препорака е спроведена, делумно спроведена е една препорака и една препораки не е спроведена.

Со извршената ревизија ги констатиравме следниве состојби: уплатени се средства за членарина над законски утврдениот лимит и пописните листи не содржат вредносни показатели за дел од материјалните и нематеријалните средства и истите не се обележани со инвентарни броеви, стои во извештајот.

Со анализата на вкупните приходи по видови на извори на финансирање, констатиравме дека учеството на јавното финансирање од Буџетот на Македонија на редовното работење на СДСМ бележи зголемување во 2021 година за 6,66 % во однос на 2020 година, кое се должи на законското зголемување на процентот за годишно финансирање на политичките партии, велат од ДЗР.

-Исто така се забележува тренд на значително зголемување на учеството на приватните извори на финансирање и тоа на донации во вкупните приходи на партијата.

Структурата на расходите на партијата во нареден период се очекува да биде променета, имајќи ја предвид измената на член 83 став 2 алинеја 1 од Изборниот законик, каде извор на финансирање на изборната кампања, меѓу другите извори се и средствата од редовната сметка на политичката партија.

Во текот на ревизијата од страна на одговорните лица во ДУИ прифатени и спроведени се корекции кои предизвикуваат зголемување на активата и пасивата во вкупен износ од 54.579 илјади денари спроведени во налог за книжење од 02.01.2022 година и тоа по основ на извршени корекции по основ на сметководствено евидентирање на долгорочни обврски по основ на кредит во износ од 55.078 илјади денари, кои предизвикуваат зголемување на активата и пасивата и извршени корекции по основ на погрешна примена на стапка за ревалоризација на дел од средствата набавени во текот на 2021 година и кај останатите материјални средства во износ од 499 илјади денари кои предизвикуваат намалување на активата и пасивата, велат од ДЗР.

Целиот извештај ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работела ВМРО-ДПМНЕ во 2021: Партијата има долгови постари и од три години

Како работел СДСМ во 2021: Повеќе пари од буџетот на државата, помалку од донации

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Вкупно 52 години казна затвор за убиството на ракометарот Тот

Редакција

Вкупно 3.940: Починаа 35 лица од Ковид-19, меѓу нив и 28-годишен охриѓанец

Редакција

Македонија доби нова Влада

Редакција