еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шолц вели оти не требало да има нови услови од Бугарија за Македонија

Пристапниот процес на Македонија треба да биде редовен согласно напишаното на хартија и не треба да има нови условувања, кои се однесуваат на билатералната состојба, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес – конференција со премиерот Димитар Ковачевски, кој е во дводневна официјална посета на Сојузна Република Германија.

-Ќе бидам јасен. Тоа е јасно договорено, и треба да биде редовен пристапен процес според постапките кои се управуваат од ЕУ. Тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да дојдат други што се однесува до билатералната состојба.

Јас гарантирам за тоа, рече канцеларот Шолц на новинарско прашање за коментар дали е прифатлива за него изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени, кои се утврдени во преговарачката рамка, се само прелиминарен услов за земјава и дека со нив не се исцрпени сите услови за државата да ја почне втората фаза од преговорите.

Шолц порача дека уставните измени се од централно значење за да се ослободи патот на Македонија кон ЕУ и дека Германија сериозно ја сфаќа ЕУ-перспективата на земјава.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предвремени избори „џокер“ на Заев, каква тактика има Мицкоски?

Редакција

Нови 344 случаи на Ковид-19, во Скопје 143

Редакција

(Фото) Пендаровски со сопругата и синот подготвуваа храна за бездомни и социјално загрозени лица

Редакција