еМагазин
Image default
Македонија

Денеска средба за францускиот предлог на партиите од владината коалиција

Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево во Владата ќе има средба со лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседстелство.

Ковачевски на Фејсбук објави дека средебата со која се отвора процес на широки консултации, ќе се оджи во 11:00 часот.

– Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата. Во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите.

Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори. Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашања не одат никому во прилог, наведува Ковачевски.

Тој апелира до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите и побара конструктивност и поддршка од сите чинители за да се донесе мудра одлука во интерес на сите граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанкулоска за изборните измами во „Титаник“: Ние си имаме многу методи, многу подобро сме организирани од комуњарите

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција

До ДИК доставени кандидатски листи од 15 коалиции и партии

Редакција