еМагазин
Image default
Бизнис

Мермерен комбинат со намалена добивка во првите шест месеци

Мермерен комбинат АД Прилеп (“Друштвото”) за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022 година оствари приходи од продажба во износ од 878,923 илјади денари, што претставува зголемување за 5.7% споредено со истиот период од изминатата година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 435,591 илјади денари, споредено со остварената оперативна добивка за истиот период во 2021 година во износ од 455,693 илјади денари што претставува намалување од 4.41%.

EBITDA за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022 година изнесува 504,684 илјади денари наспроти остварениот износ од 527,381 илјади денари истиот период од изминатата година, или намалување за 4.30%.

Крајниот резултат по оданочување за првиот семестар од 2022 година е позитивен и изнесува 393,428 илјади денари наспроти остварената добивка за истиот период од минатата година од 412,267 илјади денари и покажува намалување од 4.57%.

Оперативните расходи изнесуваат 441,627 илјади денари и се повисоки за 9.10% во однос на истиот период од минатата година.

Евидентирано е зголемување на трошоците за материјали и суровини за 25.34%, а на расходите за вработени намалување за 8.53%.

Трошоците за надворешни услуги се зголемени за 28.26%. Трошоците за амортизација изнесуваат 66,821 илјади денари и тие се пониски за 3.72% во однос на минатата година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мермерен комбинат ќе дели дивиденда

Јасна Ажиевска Петрушева избрана за член на Одборот на директори на Мермерен комбинат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mинистертсвото за економија да ја преиспита одлуката околу роковите за завршните сметки, бараат сметководителите

Редакција

ММФ: Уделот на сивата економија во Македонија изнесува 37,6 отсто

Редакција

Догодина “Алказар енерџи“ ќе гради 55 ветерници во Македонија, струја ќе произведува од 2027

Редакција