еМагазин
Image default
Бизнис

Упатство од УЈП: Како да ја ажурирате апликацијата МојДДВ

Управата за јавни приходи (УЈП), ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки.

-Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery, а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.

Корисниците на на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден“, информираат од УЈП.

Од УЈП соопштуваат дека веќе ја почнале исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за Најдобра банка во Македонија

Редакција

„МБМ архитекти“ го доби тендерот на општина Аеродром за надзор на градежни работи вреден 76.000 евра

Редакција

УЈП продава телевизори по багателни цени за да наплати данок

Редакција