Еврејската заедница на Македонија започна процедурата пред надлежната институција во Македонија со цел да се проверат фактите изнесени во репортажата на германската телевизија ЗДФ, во која се тврди дека куќата во која сега е сместен бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, некогаш била во сопственост на еврејско семејство, пишува Плусинфо.
Од Еврејската заедница на Македонија за порталот потврдиле дека е започната процедура во Катастарот во Битола, за историја на движење на имотот на посочената куќа. Од катастарот им било соопштено дека процедурата ќе трае седум дена, како и дека оваа институција располага со документација за историјата на движењето на имотот до 1932 година.
– Не би можел да потврдам дали посочениот објект во минатото бил во сопственост на македонски Евреи. Ние започнавме процедура и очекуваме одговор од надлежната институција. Точно е дека отспротива на куќата, се наоѓа објект што е во сопственост на Еврејската заедница на Македонија.
Засега немаме конкретна информација, но верувајте дека ќе се потрудиме да ја добиеме, изјави за Плусинфо, Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/клуб „Ванчо Михајлов“