еМагазин
Македонија

Откако му пишаа на Заев, обезбедени средства за исплата на надоместок за приватните специјализанти

Министерството за здравство соопшти дека со помош на Владата обезбедило буџетски средствата за исплата на приватните специјализанти запишани на конкурсот во јануари оваа година.

– Сите приватни специјализанти (92-ца кандидати) кои се стекнаа со правото да добијат месечен паричен надоместок на последниот конкурс за приватни специјализации не биле искалкулирани во буџетот на РМ донесен при крајот на 2017 година. Од тие причини стручните служби работеа подолго време од вообичаеното со цел да обезбедат буџетски средства за сите колеги-специјализанти да добиваат редовен месечен надоместок за нивниот труд и работа. Со тоа ја исполнивме нашата цел сите приватни специјализанти да бидат наградени за вложениот труд, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Средствата на специјализантите, се посочува, ќе бидат исплатени ретроактивно, односно од моментот кога Министерството се заложи и вети дека ќе ја започне исплатата, поточно од месец јуни 2018 година. Оперативно, исплатата ќе почне веднаш штом се завршат процедурите помеѓу ФЗОМ и Клиниките на кои специјализираат приватните специјализанти, односно во најбрз можен рок.

Воедно, се додава дека Клиниките редовно ги исплаќаат околу 200-те специјализанти кои во моментот се активно на специјализација, а биле запишани во минатите години. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од иста фамилија од Чаир, 9 новозаразени со корона вирусот во Скопје

Редакција

Затворена штипска конфекција откако неколку работници се заразиле со корона вирусот

Редакција

Од 1.033 починати лица од Ковид-19, 888 не биле вакцинирани

Редакција