еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Јосифоска: Избледнува мислењето дека во светот на инженерството, мажите доминираат

Јасмина Јосифоска е раководител на секторот Мониторинг и Scada центарот во „Фероинвест“, а нејзината позиција подразбира следење и управување со работата на енергетските капацитети кои се во составен дел на нивниот систем.

Во интервју за еМагазин таа вели дека најбитна и главна задача е енергетските капацитети да работат со оптимални параметри и да се обезбеди колку што може повеќе непрекината работа на истите.

Поради тоа што условите се непредвидливи, таа вели дека потребна е голема подготвеност за извршување на функцијата.

Мониторирате енергетски капацитети во Македонија, но и ширум Европа со какви предизвици се соочувате и што според вас е клучно за успешно извршување на оваа работа?

– Најчести предизвици и пречки со кои се соочуваме при мониторингот на енергетските капацитети се скоро секогаш поврзани со испадите и дефектите на централите.

Некои од нив може да се спречат и секако тоа е нашата цел, но големата подготвеност за брза и ефикасна реакција на екипите од нашата групација е клучна во критичните моменти.

Преку секојдневна комуникација помеѓу нашите тимови овозможуваме непрекинато производство на електрична енергија.

 Познато е дека компанијата испорачува опрема и услуги во областа на енергетиката речиси низ целиот свет, на какви проекти досега имаше можност да работите и кој бил најголем инженерски предизвик?

– До сега сум имала можност да работам на проекти од различни области, но најголем печат и како најдраг проект ми е изработката на SCADA апликацијата преку која денес се извршува мониторингот на енергетските капацитети.

Целиот процес од истражување до реализација носеше многу возбуда. Од поврзувањето на првата централа, па до денес, апликацијата се одржува и унапредува од страна на колегите во Мониторинг центарот.

Иако жените се побројни кога станува збор за стекнување со високо образование во некоја од инженерските области сепак се уште владее мислењето дека мажите доминираат, дали сметате дека има предрасуди кон жените инженери и како изгледаше вашиот кариерен пат ?

– Мојата кариера започна пред 11 години како проектант во групацијата „Фероинвест“. Преку учество на разни проекти, саеми, обуки и семинари тековно го усовршував своето знаење и стручност.

Во текот на сите овие години, можам да кажам дека мислењето дека мажите доминираат се повеќе и повеќе избледува. Да се биде инженер значи секојдневен ангажман, упорност, труд и работа.

Секој е вреднуван според тоа колку добро ја сработува задачата која му е доделена. Преку секојдневна комуникација на тимот составен од млади и искусни инженери на друштвото „Фероинвест“, сме сработиле и работиме многу проекти каде најважна била и е само една работа, а тоа е успeхот на проектот.

Напредокот на технологијата наметнува постојано надградување на вештините и знаењето, колку работата во „Фероинвест“ побарува, но и дозволува усовршување во професијата?

– „Фероинвест“ како компанија секогаш е отворена за нови предизвици и е во тек со современите побарувања на пазарот. Секоја нова технологија која е потребна за работните процеси е обезбедена и имплементирана, а со тоа и нашите вработени се збогатуваат со знаења, кои се моментално компетентни на пазарот на труд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британија ја надмина Италија по бројот на смртни случаи од коронавирусот

Редакција

Граѓаните наплатиле 5,3 милиони евра од здравствено осигурување за пет месеци

Редакција

Њујорк Тајмс: Најголеми улични демонстрации во Србија по соборувањето на Милошевиќ

Редакција