еМагазин
Image default
Македонија

ДПА избра четворица потпретседатели и генерален секретар

Демократската партија на Албанците (ДПА) на Централното собрание вчера во Тетово избра ново раководство, четворица потпретседатели и генерален секретар.

– Денеска се одржа Централното собрание на ДПА при што беа избрани состави на Централното претседателство, тесно претседателство и генерален секретар. Централното собрание за потпретседатели ги избра Фатмире ИсакуВалбона Тоска, Фејзи Џелили и Халил Красниќи, додека за генерален секретар Сали Ајдини, информираа од ДПА.

Изборот на нови потпретседатели и генерален секретар следува откако на 7 јули на конгрес на партијата, Мендух Тачи повторно беше реизбран за претседател на ДПА, а тогаш беа избрани и членовите на Централното собрание кои одлучуваа за изборот на потесното раководство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната на Рашковски денеска дава завршни зборови за „Софтвери“

Редакција

Бугарската декларација ги преувеличува работите и не соодветствува на реалноста, вели Ковачевски

Редакција

Ахмети: Секој треба да знае дека нема враќање од промената на името

Редакција