еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот продолжува на 26 септември

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 26 септември, откако денеска одбраната даде воведни зборови и започна доказната постапка со испрашување на тројца сведоци.

Одбраната во своите воведни зборови на денешната расправа кажа дека не смета дека правната кфалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото.

Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар на изминатото, прво рочиште пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на ракометарот Денис Тот: Од денот кога се случи убиството, за нас животот застана

Место за убиство на ракометарот Денис Тот, на обвинетите да им се суди за тепачка со смртни последици, бара одбраната

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Драган Спасов – Дац му подари метла, Заев вети чистка во Владата

Редакција

Медиумски работник на ТВ Сонце сведочеше како бил поврден, на судењето за обвинетите за протестот против пресудата за „Монструм“

Редакција

Двајца пратеници позитивни на Ковид-19, се уште не знае колкумина ќе одат во самоизолација поради контакт со нив

Редакција