еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во Украина се извршени воени злосторства, потврди Истражната комисија на Обединетите Нации

Истражната комисија на Обединетите Нации (ОН) откри различни руски воени злосторства во Украина, јави ДПА.

Меѓу другото, експертите документираа сексуални и поврзани со полот, насилни акти, од страна на некои руски војници, изјави денеска претседателот на комисијата, Ерик Мосе во првиот привремен извештај во говорна форма.

– Врз основа на доказите собрани од комисијата, заклучено е дека во Украина извршени се воени злосторства, појасни тој.

Жртвите на спомнатите злосторства се меѓу четири и 82-годишна возраст, според информациите од претседателот на комисијата споделени во Советот за човекови права на ОН во Женева.

Истрагата на експерти за човекови права првично се фокусираше на почетната фаза од руската инвазија во февруари и април, во регионите на Киев, Чернихив, Харков и на Суми.

Комисијата забележала голем број егзекуции. Жртвите често биле апсени и врзани пред да починат. Телата имале прострелни рани на главата и исечени грла. Мачењето наводно вклучувало тепање и електрошокови.

Комисијата исто така документираше два случаја каде руски војници биле малтретирани од украинските единици.

Во моментов се водат истраги на 16 локации. Не беше соопштен број на жртви.

Конечниот извештај, Мосе и неговиот тим планираат да го претстават во март 2023 година.

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тошковски вели дека не поседува ништо надвор од тоа што пријавил во Антикорупциска

Редакција

Доктор Пановски: Ако се престане со вакцинирање со кинеските вакцини, а немате други ќе биде катастрофа

Редакција

Инфлацијата руши рекорди во Турција, стигна до 80%, највисоко ниво во изминатите 24 години

Редакција