еМагазин
Свет

(Видео) Џонсон наместо на Зеленски, му се заблагодари на Путин за „инспиративно лидерство“

Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, синоќа му се заблагодари на претседателот на Русија, Владимир Путин, наместо на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

-Благодарение на херојството на украинската војска, делумно благодарение на оружјето што гордо го испраќаме, му честитам на мојот пријател (Џејмс Хипи, секретарот за одбрана) за она што го прави британската војска, оружјето што го испраќаме, списокот е долг.

Благодарам и, секако, на инспиративното лидерство на Владимир Путин. Простете, инспиративното лидерство на Володимир Зеленски. Руските сили беа истиснати од поголемиот дел од североисточна Украина, околу Харков, во последните денови. Тие се под притисок во Керсон на југот и не се сомневам дека Украинците ќе победат, рече Џонсон.

Фото: Твитер/Џонсон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО се корегира, лицата позитивни на Ковид-19 без симптоми ја пренесуваат инфекцијата

Редакција

Истражување: Секој трет преживеан пациент од Ковид-19 има неуролошко или психолошко нарушување

Редакција

(Видео) Кина ја покажа застрашувачката воена моќ на најголема воена парада досега

Редакција