еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО се корегира, лицата позитивни на Ковид-19 без симптоми ја пренесуваат инфекцијата

Светската здравствена организација (СЗО), ја корегираше изјавата на нивните експерти дека лицата позитивни на Ковид-19 без симптоми не ја пренесуваат инфекцијата.

Од таму посочуваат дека студиите покажуваат дека лицата кои се позитивни на коронавирусот се најзаразни во моментот кога прв пат почнуваат да се чувствуваат лошо.

Токму затоа што лицата се најзаразни непосредно пред појава на првите симптоми, според тоа, тешко е да се контролира вирусот што го предизвикува Ковид-19, но со ригорозно тестирање и физичко растојание можно е да се спречи ширењето, велат од СЗО.

“Од многу ограничените информации со коишто сега располагаме, се чини дека луѓето имаат најголемо количество на вирусот во организмот непосредно пред да се појават симптомите или кога ќе почнат да се развиваат“, изјави Марија Ван Керхове, епидемиолог на СЗО.

Прелиминарните студии спроведени во Германија и САД покажуваат дека луѓето со лесни симптоми можат да бидат заразни осум до девет дена, а оние со потешки симптоми многу подолго, додаде таа.

Ван Керхове објасни дека некои луѓе не развиваат симптоми, но сепак можат да заразуваат други лица.

“Некои модели велат дека околу 40 отсто од преносите можат да бидат со асимптоматски случаи, но тоа се модели при пресметување. Значи, не го вклучив тоа во мојот одговор претходно, па сега сакам да бидам појасна“, додаде таа.

Таа претходно изјави дека лицата кои се позитивни и немаат симптоми, генерално, не ја пренесуваат инфекцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: Лицата кои немаат симптоми на корона вирусот, ретко ја шират инфекцијата

Германија забрани влез на граѓани кои не се од ЕУ до 31 август

Во Грција тестот за туристите нема да биде задолжителен, туку ќе се тестираат по случаен избор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 11 случаи на Ковид-19, оздравени 56, двајца починати

Редакција

(ВИДЕО) Здравствените работници порачуваат: И ние сакаме журки и забави, но да прославиме во кругот на семејството

Редакција

Португалија измисли „северномакедонски“ јазик, и тој потекнува од бугарскиот

Редакција