еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Португалија измисли „северномакедонски“ јазик, и тој потекнува од бугарскиот

И државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, покажа практично колкава штета всушност создава различното толкување на Договорот од Преспа и промената на уставното име на Македонија, за македонскиот идентитет, иако во истиот јасно е наведено дека во новоименуваната држава Северна Македонија се зборува македонски јазик и живее македонски народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(АУДИО) Португалската министерка Закаријаш рекла „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“

Португалија уште во јануари си кажа дека е на страната на Бугарија во спорот со Македонија

Така, таа лабаво, што не доликува на европски дипломат, чија земја изминативе шест месеци преседаваше со Европската Унија (ЕУ), си измисли нов јазик – „северномакедонски“ и никому ништо.

Со тоа само се покажа тоа што на сите во Македонија одамна им е јасно, дека ни на Португалија, ни на Европската Унија воопшто не им е гајле за македонскиот идентитет, иако со децени „продаваат“ приказни колку во ЕУ се важни овие работи и „као“ се основни вредности.

Утре Бугарија и Марсовци да не нарече, окото нема да им трепне. Оти нели Бугарија е во нивниот клуб, кој за жал и по децении од создавањето на Унијата нема ама баш ни една позитивна и успешна приказна на Западниот Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: Изјавата на португалската министерка Закаријаш е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение

А за тоа што наместо македонски, во светските медиуми читаме за „северномакедонски“, сериозно за работа треба да се фати „инспекторот“ Бујар Османи. Да беше за албански, ќе одеше директно во редакциите на медиумите кои намерно или не, многу често почнаа да грешат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалската амбасадорка во Македонија ги демантира бугарските медиуми за македонскиот јазик

МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на португалската министерка за македонскиот јазик

За португалската министерка за Европа, македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скијачката сезона на Попова Шапка, започнува денеска

Редакција

Ќе се исплаќа милионска отштета на лицата неоправдано осудени за „Сопот“

Редакција

ЈП Градски паркинг на привремени вработувања ќе потроши 1,2 милиони денари

Редакција