еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на португалската министерка за македонскиот јазик

Министерството за надворешни работи ќе ја проверува автентичноста на изјавата на државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик и ќе даде свој коментар, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалската амбасадорка во Македонија ги демантира бугарските медиуми за македонскиот јазик

За португалската министерка за Европа, македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот

Тој го повтори ставот дека португалскиот предлог е јасен и навистина е добра основа за решение. Според него, португалскиот предлог нуди решение, но не зазема страни.

– Во самиот предлог во преговарачката рамка е решението „преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик“. Секако, имаат изјави двете страни, и нашата и бугарската страна, кадешто, веројатно, министерката направила толкување за бугарски медиуми или слично за кое нешто ќе провериме денеска преку стручните служби од МНР за автентичноста на тоа што е кажано и МНР соодветно ќе реагира во јавноста, рече Заев на новинарско прашање дали по денешната изјава на Закаријаш се уште смета дека португалскиот предлог е добра основа за решение за решение со Бугарија.

Заев посочи дека кога заврши Самитот на ЕУ, односно Европскиот совет, тој и министерот за надворешни Бујар Османи веќе дадоа и „длабински коментари“ за португалскиот предлог и доколку се донесеше одлука, во тој предлог стои дека преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик и ги има унилатералната изјава на С Македонија и унилатералната изјава на Бугарија.

– Ние со Бугарија имаме реципроцитетен договор со кој што потпишуваме договори, одредени меморандуми, спогодби на кои што стои дека тоа е бугарски јазик согласно Уставот на Република Бугарија и македонски јазик согласно Уставот на Република Северна Македонија, рече Заев.

Државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, изрази надеж дека по парламентарните избори во Бугарија на 11 јули ќе се најде решение за бугарското вето и за отворање на разговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Дел од медимите пренесоа и дека изјавала оти во минатото македонскиот јазик бил дел од бугарскиот јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалија смета дека треба да се почитува бугарската позиција, се надева дека проблемот со Македонија ќе го реши Словенија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 18 на осум години намалена казната затвор на велешанецот што усмрти 11-годишно девојче и избега

Редакција

Сменети неколку раководители во Царинската управа

Редакција

78% од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место

Редакција