еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

78% од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место

78% од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место, а 80% биле изложени на вербално насилство, покажуваат податоците на Лекарската комора по повод Европски ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници.

Минатата година се направија измени на Кривичниот законик, со што насилството врз здравствен работник при вршење на професионални работни задачи е насилство кон службено лице и претставува кривично дело за кое е предвидена казна затвор.

„Важно е да се истакне дека лекарската комора прибира податоци за нападите врз лекарите за да може активно да го следи постапувањето на надлежните институции, но и за да предлага мерки и политики за сузбивање на насилството во здравството.

Единствен начин на кој комората може да прибира податоци е доколку лекарите по пријавувањето во полиција за инцидентот ја информираат и комората“ велат од Министерство за здравство.

Пријавете насилство врз лекари на официјална веб-страница на Лекарската комора: www.lkm.org.mk.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските војници во Словенија се во добра здравствена состојба

Редакција

Твитер „збесна“: „Мира Дизел на деловен состанок во Швајцарија, се очекува банкрот на државата“

Редакција

Каков имот пријавила Мирјана Радевска-Стефкова, новиот член на Судскиот совет

Редакција