еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Лицата кои немаат симптоми на корона вирусот, ретко ја шират инфекцијата

Луѓето кои немаат симптоми на новиот коронавирус ретко ја шират инфекцијата, изјави епидемиологот на Светската здравствена организација (СЗО), Марија Ван Керх.

– Врз основа на податоците што ги имаме, се чини дека ретко лице без симптоми го пренесува (вирусот) на друго лице, нагласи таа.

Ван Керх истакна дека СЗО добива извештаи од држави, што детално ги следат контактите на заразените, вклучително и асимптоматски случаии и тие држави не откриле дека пренесувањето продолжува со таквите случаи.

Ван Керх рече дека луѓето кои немаат симптоми на Ковид-19, често развиваат лесна форма на болеста, јави Си-Ен-Ен. Во исто време, таа повтори дека вирусот се шири преку капки, што се ослободуваат кога некој кашла или кива.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир блиску до 200 активни случаи: Детален преглед на заразени со корона вирусот по скопските општини

Повеќе жени, најмногу на возраст од 40-49 години, детали за новозаразените со корона вирусот

Еден од новопочинатите без претходни заболувања и контакт со потврден случај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парламентарните избори ќе се одржат во 2024 година, тврди премиерот

Редакција

СЗО: Коронавирусот се повеќе го шират лица на возраст од 20 до 40 години

Редакција

ДУИ сака „вечно“ да биде во владата

Редакција