еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еден од новопочинатите без претходни заболувања и контакт со потврден случај

Вчера починаа тројца нови пациенти од корона вирусот, информираше Министерство за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Детали за новопочинатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Регистрирани се три смртни случаи, од Скопје и Куманово. Случаите биле на возраст над 60 години.

Имале симптоми и биле хоспитализирани во КИБФС каде и починале.

Двајца од починатите имале коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.) и контакт со потврден случа„, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Вкупната бројка на починати до сега изнесува 156.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир блиску до 200 активни случаи: Детален преглед на заразени со корона вирусот по скопските општини

Повеќе жени, најмногу на возраст од 40-49 години, детали за новозаразените со корона вирусот

„Ако ги почитуваш мерките нема да се вреѓаш од Караџовски“: Твитер реакции

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само едно лице донирало пари за изборната кампања на Алијансата за Албанците и Алтернатива

Редакција

Филипче го разреши Ваљон Беља, економскиот директор на Клиниката за гинекологија

Редакција

„Падна“ седумка на Лото во износ од 669.330 евра

Редакција