еМагазин
Image default
Македонија

Пановски: Да бев член на Комисијата ќе си дадев оставка, контролата затаи пред избори

Микробиологот и професор Никола Пановски во „Топ тема“ на телевизија „Телма“ изјави дека да бил член на Комисијата за заразни болести ќе си дал оставка уште на 25 мај, и јасно е зошто не е дел од комисијата.

„Секогаш е во политиката така, сакаат да стават луѓе што ќе ги слушаат. Стај си го тој ти врши работа те слуша, или луѓе што имаат некаков интерес,“ изјави Пановски.

Тој оцени дека во врска со целокупната состојба со коронавирусот во земјава се направени две крупни грешки. Првата е во врска со контрола на границите во првиот бран кога луѓе од Западна Европа доаѓаа кај нас и вториот бран со верските празници со кои се дозволи поголемо ширење на вирусот.

Пановски вели дека бројката е зголемена за пет пати, а кога се гледаше дека расте бројот им се дозволи на луѓето да се движат каде сакаат.

„Жариштата се знаеја требаше да се затворат, затоа што кога имате пожар го локализирате, не му додавате дрва. Со разлабувањето на мерките тоа е како на пожарот да му пуштаме ветер или да го раздувуваме“ изјави тој.

Пановски додаде дека контролата затаила, особено пред избори, и можеби стравот дека ќе „пукне“ поголем инцидент од инфекцијата со вирусот.

„И во моментот кога требаше да се разлабават мерките во општините каде се намалува бројот на заболени – тие да се наградат, а полицискиот час никако не требаше да се укинува, немаше потреба тој да се укине.

Немаше логика ниту автобусите, бесплатни, за пензионерите да се пуштат. А тие луѓе во Комисијата за заразни болести се постручни и повеќе знаат, знаеја повеќе од мене дека бројот на заразени ќе расте, но тие излегоа на прес на 25 мај, како да имаа некоја наредба, ургенција така да постапат, а тоа мене како на доктор ми пречи.

Требаше да не попуштаат под никакви околности, но науката беше потисната. А доволно е неколку  дена таа да затаи и од разни причини да не се истакне пред политиката и да се случи тоа што се случи,“ додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Караџовски: Семејните собирања за Рамазан Бајрам и ифтарските вечери ни се врати како бумеранг

Филипче: Има доволно болнички кревети во болниците, но лесна е клиничката слика на најголемиот дел од заболените

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфективното одделение при Велешката болница го зголемува капацитетот на легла

Редакција

Авторот на интервјуто со Борисов: Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците

Редакција

Богданов за емисијата „360 степени“: Жозеф Дол неколку месеци наназад реагираше до ВМРО-ДПМНЕ

Редакција