еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Караџовски: Семејните собирања за Рамазан Бајрам и ифтарските вечери ни се врати како бумеранг

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски смета дека зголемувањето на бројката на заразени со коронавирусот е резултат на непочитувањето на превентивните мерки, како неносење заштитни маски, непочитување на групирањето, и семејните собирања за ифтарските вечери и Рамазан Бајрам.

-На 25 мај имаше 16 случаи и тогаш започнавме со олабавување на мерките. Тој ден предложивме од утредента намалување на одредени мерки со кои го „ослободивме“ населението од  рестрикциите што ги имавме воведено.

Меѓутоа, она што се случи по 26 мај, исклучиво согласно епидемиолошките анкети што досега сме ги направиле, се должи на тотално непочитување на одредени превентивни мерки што ги дадовме како препорака од Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, а тоа се носење на заштитна маска, спречување на групирање повеќе од две лица што ни се удри како бумеранг заради непочитување на мерките за време на верскиот празник Рамазам Бајрам и ифтарските вечери коишто се случуваа во тој период, рече Караџовски на денешната прес-конференција во Владата.

Како што гледаме, додаде тој, од тој период бројот на заболените почнува да се зголемува.

– Меѓутоа, веднаш да ве потсетам епидемиолошки дека бројките 52, 62, 89 и 100 не се на денот Рамазан Бајрам, туку тоа се на деновите наназад што биле за кои ве учев неколку пати – инкубацијата на овој вирус е од 1 до 14 дена, просечно 5,7 дена.

Така што бројката 52, 62, 89 и 100 се однесува на 7 до 10 дена наназад кога имавме непочитување на овие мерки, а коишто беа дадени во препорака на јавноста за да ги почитува овие мерки. Како што гледате, вториот бран ни се појави сега, рече тој.

Првиот човек на Комисија апелираше да се почитуваат мерките со цел државата полесно и побрзо да се справи со коронавирусот, оти тоа, рече е единствениот начин.

-Второ, ве молам да ги почитуваме мерките. Само со доследно почитување на овие мерки можеме да испливаме од оваа вода. Ве молам да не дозволуваме самите себе да си пресудуваме во моменти кога цела Европа и цел свет ги намалува сите мерки, а ние да стискаме односно да воведуваме нови рестрикции.

Верувам дека 20-ина отсто од населението се уште не не сфаќа сериозно ниту нас, ниту болеста, рече Караџовски.

Тој додаде дека Комисијата за заразни болести чиј претседател е тој изготвува свои протоколи и ги дава на министерот за здравство на усвојување на Влада. Ние, рече, сме стручно советодавно тело на министерот за здравство.

-Ние не сме влада на државава. Ние не сме луѓе коишто се директно инволвирани во донесувањето на одлуките. Главен кризен штаб на оваа држава ги донесува одлуките, рече тој.

Прашан дали би понел одговорност за зголемениот број на заболени, тој рече дека сите совети што до сега ги дал биле стручни за доброто на граѓаните.

„Ако не ги почитуваме мерките и Господ да се симне нема да ни помогне,“ додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кластерите во Скопје од 15 пораснаа на 41: Најголем број од заболените се заразиле на семејни или на други собири

Филипче: Владата утре на седница ќе дискутира за предлогот за евентуална рестрикција на движењето

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и Црна Гора заеднички ќе аплицираат за воведување на системот „Пејпал“

Редакција

Еуфорија на Твитер: Вучиќ и удри „шлаканица“ на македонската Влада

Редакција

Гласачките ливчиња имаат 21 заштита и невозможно е нивно фалсификување, велат од печатница „Киро Дандаро“

Редакција