еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Македонија и Црна Гора заеднички ќе аплицираат за воведување на системот „Пејпал“

Меморандум за разбирање во областа на дигитализација и информатичка безбедност, денеска во Скопје потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и неговиот црногорски колега, министерот за јавна администрација Мараш Дукај.

Министерот Алиу на прес-конференцијата по потпишувањето на документот истакна дека на средбата разговарале за можностите за сосработка, а воедно информирал за нашите активностите поврзани со дигитална трансформација на земјата, како и за Агенцијата за дигитална трансформација и можностите за заедничко аплицирање со проекти во Програмата „Дигитална Европа“, во која и двете земји се членки.

-Како две земји коишто имаме многу заеднички и предизвици и можности за соработка, разговаравме како тоа може да биде реализирано на оптимално ниво и во реално време за да си помогнеме за дитигалната трансформација.

Дигиталната трансформација нема граници и таа интероперабилност и можностите за соработка помеѓу земјите е многу битна, како за граѓаните така и за економијата. Од тој аспкет имаме многу заеднички точки двете земји да работиме заедно, да аплицираме заедно на Дигитална Европа, рече Алиу.

Тој при тоа подвлече дека системот за онлајн плаќање – Пејпал е една од можностите каде што нашите граѓани, нашата економија е многу заинтересирана.

-Се договоривме да креираме работни групи помеѓу нашите две земји за да можеме заедно да аплицираме на пејпал и да можеме да имаме освен одлив и прилив со таа инфраструктура, подвлече Алиу.

Црногорскиот министер Дукај нагласи дека само преку конкретна соработка и со заеднички сили може да се забрза дигиталната трансформација.

-Ние само со заеднички сили можеме да им бидеме конкуренција на сериозните земји. И тоа што се однесува на Дигиталната Европа и Пејпал е сериозна приказна за која се зборува одамна и мислам дека оваа идеја ќе успее.

Самостојно не успеавме, за тоа се обидоа и претходните министри, но не успеаја. Идејата е заеднички да работиме бидејќи само на тој начин можеме да успееме во дигитализација. Тоа е процес кој не застанува и засега многу граѓани и претпријатија и што побрзо треба да сфатиме дека тоа мораме да го имплементираме,

Министерот Дукај нагласи при тоа дека паралелно со дигитализацијата важна е и сајбер безбедноста како еден од најголемиот предизвик на денешнината.

-Ние во Црна Гора започнавме со сериозен чекор кон тоа и еден од тие чекори е и формирањето на Регионален центар кој веќе почна со обука не само на луѓето, односно експертите од Црна Гора, туку и во регионот и тој центар јас сум сигурен дека ќе биде сериозна институција која ќе произведува кадри кои ни се потребни. Ние имаме многу проблеми, а сигурно и вие и сериозни земји, за кадри кои се ИТ-експерти, рече црногорскиот министер.

На средбата двајцата министри зборувале и за реформата на јавната администрација. Дукај при тоа истакна дека оваа реформа е еден од столбовите за секоја држава и изрази уверување дека двете земји же соработуваат и во тој процес.

МИА/Фото: Министерство за информатичко општество и администрација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојави за бомби во две средни и три основни училишта во Кавадарци

Редакција

„Брако“ продолжува со инвестиции: Завршена обуката за управување со најсовремената ЦНЦ „Хартфорд“ глодалка, производството започнува наскоро

Редакција

Четири деца во Македонија се заболени со коронавирусот

Редакција