еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кластерите во Скопје од 15 пораснаа на 41: Најголем број од заболените се заразиле на семејни или на други собири

Во изминатата недела се направи тестирање на контактите на веќе дијагностицираните заболени. Екипите на центрите за јавно здравје интензивно работеа на терен во овие неколку кризни региони.

Таквото тестирање таргетирано беше рана дијагностика за навремена изолација на сите контакти кои се носители на вирусот во рамките на познатите кластери. Се покажа дека најголем број од заболените се всушност заболени на семејни или на други собири, па со ваквата стратегија и тестирање практично ги изолиравме сите контакти на заболените меѓу нив и оние кои немаа симптоми.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека околу 65 проценти од активните позитивни случаи во Скопје се поврзани со познат случај, а од нив 90 проценти отпаѓаат на 41 кластер.

Слична е состојбата, посочи министерот, и во другите три кризни региони каде има најголем процент од заболените и тие се во рамките на истите кластери.

Потенцира дека полицискиот час за викендот дозволил многу полесен пристап и брзо тестирање на сите контакти, што беше отежнато во многу случаи во изминатите денови минатата недела.

– Позитивно е што и покрај оној иницијален отпор што го имаше на некои места, сега има навистина подобра соработка со граѓаните. Епидемиолозите многу полесно успеаја да пристапат и да тестираат.

Апелирам до граѓаните максимално коректно да соработуваат со епидемиолозите и да даваат точни податоци.

Огромен процент од новодијагностицираните пациенти се со лесна клиничка слика или се асимптоматски и од вкупниот број на хоспитализирани во овој момент само осум пациенти се на механичка вентилација.

МИА/Фото: Град Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има заразени лица со корона вирусот, поради свадба што правеле дома

Филипче: Има доволно болнички кревети во болниците, но лесна е клиничката слика на најголемиот дел од заболените

Денеска нема полициски час

Караџовски: Семејните собирања за Рамазан Бајрам и ифтарските вечери ни се врати како бумеранг

Филипче: Владата утре на седница ќе дискутира за предлогот за евентуална рестрикција на движењето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лавров изјави дека Хитлер имал еврејско потекло, Израел се налути

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти, а вкупно се лекуваaт 253

Редакција

Апелација одлучува за затворските казни на Мијалков и Јанкулоска за „Таргет-Тврдина“

Редакција