Од Лекарската комора информираат дека позитивни на Ковид-19 се две лица вработени во административната служба на комората.
“По добиената информација дека две лица вработени во административната служба на комората се позитивни на коронавирусот, во соработка со ЦЈЗ Скопје направена е епидемиолошка анкета и тестирање на сите останати вработени во Лекарската комора.
Двајцата вработени, позитивни на САРС-КоВ-2 вирусот, не се медицински лица и не доаѓаа на работа во изминативе две недели поради користење на годишен одмор, а според проценката и тестирањето сите останати вработени се со низок ризик и негативен тест, поради што Лекарската комора немаше прекин во работата и ќе продолжи непречено да работи“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија има повеќе жени заразени со корона вирусот
Драстичен раст: 342 лица до 19 години заразени со корона вирусот
Советник од кабинетот на министерот Наќе Чулев позитивен на корона вирусот